Рецепти

Запечен карфиол со бешамел сос
Одлчна идеја за брз ручек или предјадење кое може да го послужите со свежа салата
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Карфиол(1/2 Килограм)
Свински врат(димен 100 Грама)
Сирење(150 Грама)
Кашкавал(150 Грама)
Јајце(3 )
Путер(50 Грама)
Млеко(500 Милилитри)
Брашно(2 Супени лажици)
Сусам(по желба )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Карфиолот се става во солена вода на оган да се вари, се остава да врие 5-10 минути, а потоа се трга на страна и се цеди.
- Во огноотпорен сад се ставаат 2-3 лажици масло, убаво се размачкува насекаде, па врз него се става карфиолот.
- Се додава исечканиот врат и изренданото сирење.
- Во едно тенџере се става путерот и кога ќе се стопи се додава брашното, се пржи малку да зарумени, потоа се додава млекото. Се остава сосот да се згусне и кога ќе биде готов се истура врз карфиолот.
- Јајцата се матат на страна и се додаваат. Целата смеса убаво се промешува и се става во загреана рерна на 250 степени да се пече околу 20 минути. Потоа се вади и се додава изренданиот кашкавал и сусамот, па се враќа да се допече се додека не зарумени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во