Рецепти
Зељаница Ана Ѓорова

Балканска пита од спанаќ со младо сирење и кајмак за вкусно предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Спанаќ(1 Килограм)

Сирење(500 Грама)

Јајце(2 )

Кајмак(1 Супена лажица)

Млеко

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Спанаќот добро се мие и се сечка ситно.
  2. Се става во сад, се додава младото сирење, кајмакот и малку млеко, па полека се меша.
  3. Јајцата пенасто се матат, па се додаваат во смесата со спанаќот. Се посолува по желба и со виљушка се меша за да се соединат сите состојки, но сирењето да не се претвори во каша.
  4. Корите за пита се делат на два еднакви дела.
  5. Соодветна, четириаголна тепсија се подмачкува со масло, па се реди една кора. Кората се попрскува со масло, па се става втора кора и така сè додека се искористат сите кори од првиот дел.
  6. Врз последната кора се истура смесата од спанаќ и добро се распоредува со лажица.
  7. Врз филот се става една кора, се попрскува со масло, па втората и сè така додека се потрошат сите кори.
  8. Питата се сече на коцки и се пече околу 45 минути во рерна, претходно загреана на 200°C.
  9. Ако сакате посочна пита, полијте ја со мешавина од млеко, путер и павлака и вратете ја уште 5 минути во рерна да ја впие течноста.
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Пилешка тава со сланина
Сусам топчиња
Динстано месо со печурки
Рибја чорба од ослич
Пилешко со лимон
Потпечена зелка со наут
Крем салата со колбаси
Триаголници со јаболки и ореви
Рум касато
Корнфлекс пита
Пилешка мусака со сос од рузмарин
Солен куглов со шунка
Колач со три слоја
Пита масленица
Брза салата од брокула
Свинско со свежи буковки
Јагнешко печено со пиво
Риба полнета со праз (посно)
Обланди со бисквити и чоколадо
Коцки со какао
Солени бомбици со маслинки
Чоколадни урми
Бела салата
Полнет крап во рерна
Коцки од гриз и праз
Пита со месо и ајвар
Погача со кулен

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: