Рецепти
Чизкејк со лубеница Ана Ѓорова

Непечен колач со крем сирење за освежување во летните денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бисквити(180 Грама)

Путер(80 грама )

Шеќер(1 лажица (за пандишпан) )

Слатка павлака(200 Милилитри)

Крем сирење(250 Грама)

Кисело млеко(150 Грама)

Рендана кора од лимон(малку )

Свеж сок од лимон(неколку капки )

Жолчка од јајце(2 )

Шеќер(200 грама (за филот) )

Сол

Лубеница(250 Грама)

Шеќер(100 грама (за преливот од лубеница) )

Желатин(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + неколку часа во фрижидер

  1. Бисквитите сомелете ги и измешајте ги со лажица шеќер и со растопениот путер.
  2. Смесата добро соединете ја и натапкајте ја во кружен сад (18-20см) врз хартија за печење убаво со лажица да се залепи за дното.
  3. Оставете го пандишпанот половина час да отстои во фрижидер.
  4. Во меѓувреме подгответе го шербетот од лубеница: лубеницата убаво исчистете ја од семките, исечкајте ја и изблендирајте ја со 100 г шеќер, па ставете ја во тенџере.
  5. Тенџерето ставете го на оган и кога ќе зоврие течноста додајте го желатинот и мешајте неколку минути смесата да врие.
  6. Тргнете го тенџерето од оган и оставете ја смесата целосно да се олади на собна температура.
  7. Почнете со подготовка на филот од крем сирење: во сад со помош на жица за матење измешајте ги крем сирењето и киселото млеко (претходно исцедете ги) и оставете ги настрана. *Напомена: сите состојки за филот треба да се претходно добро ладни од фрижидер.
  8. Во друг сад пенасто со миксер изматете ги жолчките со 200 г шеќер.
  9. Во трет сад со миксер матете ја слатката павлака да добиете цврст крем (околу 5-10 минути).
  10. Сите состојки соединете ги и добро измешајте ги.
  11. Додајте и рендана кора од лимон и малку сок и прстофат сол, па повторно измешајте.
  12. Тортата извадете ја од фрижидер, одозгора премачкајте со фил од крем сирење, па на површината додајте го ладниот прели од лубеница.
  13. Тортата наросете ја со кокос и оставете ја најмалку 2 часа во фрижидер пред послужување.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: