Рецепти
Летна пишкота Ана Ристеска

Ладна торта со пудинг од ванила, чоколадо и кафе за совршено летно уживање

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пишкоти(20-22 )

Слатка павлака(250 Милилитри)

Желатин(1 Пакување)

Млечно чоколадо(100 Грама)

Млеко(500 Милилитри)

Шеќер(4 Супени лажици)

Пудинг од ванила(2 Пакувања)

Путер(100 Грама)

Варено кафе(4 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Млекото (400 мл) и шеќерот ставете ги да зовријат. Преостанатото млеко соединете го со пудингот од кесичката, а потоа додајте го во зовриеното млеко и непрекинато мешајќи сварете фил.
  2. Претурете го во друг сад, покријте го филот со најлонска фолија и оставете да се излади во фрижидер.
  3. Од секоја пишкота исечете по 3 см. Помалите делови од пишкотите издробете ги и соединете ги со путерот и подготвеното изладено кафе.
  4. Во круг наредете ги пишкотите во обрач од 20 см. На дното ставете ги подготвените издробени пишкоти.
  5. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете да набабри. Откако ќе набабри растопете го на умерена температура.
  6. Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг, потоа одделете една лажица и додајте ја во растопениот желатин. Промешајте, а потоа додајте ја и преостанатата слатка павлака.
  7. Соединете ги изладениот пудинг и слатката павлака. Ставете малку крем врз пишкотите, потоа на некои места нанесете растопена чоколада, па повторно крем и се така наизменично, додека имате крем и чоколада.
  8. Оставете 6 часа во фрижидер за да се излади и да се стегне. Декорирајте по желба.
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Пилешка тава со сланина
Сусам топчиња
Динстано месо со печурки
Рибја чорба од ослич
Пилешко со лимон
Потпечена зелка со наут
Крем салата со колбаси
Триаголници со јаболки и ореви
Рум касато
Корнфлекс пита
Пилешка мусака со сос од рузмарин
Солен куглов со шунка
Колач со три слоја
Пита масленица
Брза салата од брокула
Свинско со свежи буковки
Јагнешко печено со пиво
Риба полнета со праз (посно)
Обланди со бисквити и чоколадо
Коцки со какао
Солени бомбици со маслинки
Чоколадни урми
Бела салата
Полнет крап во рерна
Коцки од гриз и праз
Пита со месо и ајвар
Погача со кулен

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: