Рецепти
Бајадера со путер од кикирики
Непечен десерт со путер од кикирики и чоколадо што се подготвува брзо и лесно со само 4 состојки
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер од кикирики-органски(1 ½ Чаша)
Јаворов сируп(или мед ¼ чаша + 2 лажици )
Кокосово брашно(½ Чаша)
Црно чоколадо(1 Пакување)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 15 минути + 1 час во фрижидер
- Во среден сад измешајте 1 чаша путер од кикирики (200 г), лаворовиот сируп (или мед) и кокосовото брашно. Мешајте со жица за матење додека смесата се згусне и добро се изедначи.
- Потоа претурете ја смесата во тавче (20х30см) со хартија за печење и со лажица убаво израмнете и притиснете ја на површината.
- Чоколадото исечкајте го и растопете го на тивко на пареа со 1/2 чаша путер од кикирики.
- Постојано мешајте додека се растопи целосно, а потоа прелијте го врз слојот со путер од кикирики и кокос во тавчето. Израмнете убаво со лажица.
- Колачот оставете го 40-60 минути во фрижидер за да се стврдне, па исечете го на коцки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во