Рецепти
Бели плочки Ана Ѓорова

Интересен десерт од ореви и кокос што се подготвува лесно и за кој не треба печење во рерна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Вода(2 дл за прв слој )

Маргарин(125 г за прв слој )

Шеќер(300 г за прв слој )

Бисквити(искршени или мелени 500 г за прв слој )

Мелени ореви(100 г за прв слој )

Вода(1 дл за вториот слој )

Маргарин(125 г за вториот слој )

Шеќер(200 г за вториот слој )

Млеко во прав(200 г за вториот слој )

Кокос(100 г за вториот слој )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

Прв слој

  1. Водата, шеќерот и маргаринот се ставаат во тенџере на умерен оган и се мешаат повремено.
  2. Кога смесата ќе зоврие, се трга од оган и со лажица се мешаат мелените ореви и искршените бисквити.
  3. Соодветен сад се премачкува со масло, па во него се истура жешката смеса и се распоредува.
  4. Се остава целосно да се олади, па се става во фрижидер.

Втор слој

  1. Додека се лади првиот слој, се подготвува вториот.
  2. Маргаринот и шеќерот се растопуваат со водата во тенџере на умерен оган, па откако смесата ќе зоврие, се трга од оган.
  3. Се додаваат млекото во прав и кокосот и се мати со миксер за да нема грутки.
  4. Вториот слој се остава да се излади, а потоа се нанесува врз првиот слој.
  5. Колачот се остава во фрижидер неколку часа да се стегне, па се сече на плочки.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: