Рецепти
Бомбици со суви брусници
Одлична и лесна ужинка за пред или по тренингот
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Зрела банана(1 )
Путер од кикирики-органски(1/3 Чаша)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
Кокос(1/3 Чаша)
Чиа семе(1 Супена лажица)
Овесни снегулки(1 Чаша)
Суви брусници(1/3 Чаша)
Мед(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 20 минути
- Во голем сад испасирајте ја бананата со виљушка, па додајте ги путерот од кикирики, медот и ванила екстрактот и мешајте додека смесата се соедини.
- Додајте го кокосот, овесните снегулки и чиа семките и мешајте. Додајте ги сувите брусници и убаво соединете ја смесата.
- Од смесата формирајте бомбички со големина колку орев, ставете ги во пластичен сад во фрижидер и оставете ги најмалку 30-тина минути пред послужување.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во