Рецепти
Боранија на кинески начин Ана Ѓорова

Пржена зелена боранија со соја сос, лук и масло од сусам

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Соја сос(1 Супена лажица)

Бистра зеленчукова супа(1/4 Чаша)

Масло од сусам(1/2 Супена лажица)

Бел лук, излупен и згмечен(2 Чешниња)

Боранија(700 Грама)

Нишесте (пченкарен скроб)(1/2 Супена лажица)

Билно масло(4 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 25 минути

  1. Во сад ставете го соја сосот, сусамовото масло, лукот и готовата зеленчукова супа (може да биде и пилешка), измешајте и оставете настрана.
  2. Измијте ја боранијата, исечете ѝ ги краевите и исушете ја. Во длабок сад за пржење додајте 1/2 чаша билно масло и пржете ја боранијата околу 2-3 минути, па потоа исцедете ја на салфетки.
  3. Во тава ставете фолија за печење и додајте 1 супена лажица билно масло и боранијата (маслото треба да се нанесе на двете страни) и посолете. Во загреана рерна ставете ја боранијата и оставете кратко – околу 5-7 минути, па вратете на салфетка.
  4. Во тенџере ставете ја смесата со супата и лукот да се варат заедно со боранијата на средна температура, па кога ќе зоврие додајте го пченкарниот скроб, кратко промешајте и тргнете од оган веднаш штом смесата ќе се згусне. Додајте сол по желба и послужете.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: