Рецепти
Чиа пудинг со суво овошје
Оваа ужинка може да ја направите со било кое овошје сакате
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
1 лицеВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Чиа семе(1 Супена лажица)
Оризово млеко во прав(2 Кафени лажици)
Вода(1 Чаша)
Замрзнати вишни(колку сакате )
Бадеми(колку сакате )
Суви брусници(колку сакате )
Суви сливи(колку сакате )
Мед(1 Кафена лажица)
Цимет(1/2 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 10 минути
- Зовријте ја водата и потоа во неа ставете го оризовото млеко и промешајте.
- Чиата ставете ја во сад и постепено додавајте го млекото. Постојано мешајте и додавајте од млекото додека не ја добиете саканата густина. Ако ставите премногу млеко, додајте малку чиа и пудингот ќе се згусне.
- Бидејќи пудингот ќе биде топол, ставете го во фрижидер да се олади 5 мин.
- Потоа одозгора поросете од замрзнатите вишни (го освежуваат пудингот), сувите брусници, сечканите бадеми и суви сливи. Ставете од медот, поросете со малку цимет и уживајте.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во