Рецепти
Чоколадни маршмалоу
Овие чоколадни маршмалоус можете да ги додадете на вашето топло чоколадо, салеп или пак да ги консумирате како слатка чоколадна ужинка
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Какао(2 1/2 Супени лажици)
Вода(236 Милилитри)
Желатин(3 Супени лажици)
Мед(320 Грама)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
Сол(1/4 Кафена лажица)
Какао(7 супени лажици за какао смесата )
Вода(топла 3-4 супени лажици за какао смесата )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 45 минути + 4 часа да отстои
- Тава за печење обложете ја со хартија за печење и врз хартијата поросете 1 и пол супена лажица какао.
- Во еден сад ставете 1/2 чаша вода и желатинот.
- Во поголемо тавче ставете ја другата половина од водата со медот, ванилата и солта и гответе го додека не почне да врие на средна температура. Од кога ќе почне да врие, оставете го да се готви уште 7-8 минути од прилика (додека не стигне до 116 степени). Потоа веднаш тргнете го од оган.
- Желатинот промешајте го малку и во него многу внимателно и полека додајте ја жешката смеса со медот. Матете ја смесата со миксер на споро 20-30 секунди. Потоа ставете го миксерот да мати на најбрзо и матете ја смесата 10 минути додека не добиете густа кремаста смеса како за маршмалоу.
- Додека тоа се мати, какаото измешајте го со вода за да се добие густа смеса.
- Кога маршмалоу смесата ќе биде готова, додајте ја смесата со какао и матете уште 30-60 секунди.
- Смесата веднаш сипете ја врз хартијата за печење најрамномерно колку што можете. Одозгора поросете со останатото какао.
- Вака оставете го маршмалоуто да седи 4 часа. Потоа исечете го на коцки и готово е за служење.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во