Рецепти
Јагнешки бут со вино и зачини Ана Ѓорова

Вкусно јагнешко печење погодно за секоја пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешки бут(1,50 Килограм)

Лук(4 Чешниња)

Бибер

Сол

Вегета

Рендана кора од лимон(1 Супена лажица)

Сенф(3 Супени лажици)

Масло(1 Децилитар)

Кромид(1 Главица)

Ловоров лист(2 )

Рузмарин(2 Гранчиња)

Црвено вино(2 Децилитри)

Слатка павлака(1 Децилитар)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Јагнешкиот бут засечете го неколку пати од надворешната страна.
  2. Излупените 2 чешниња лук згмечете ги, а биберот во зрна истолчете го. Смесата измешајте ја и додајте ја изренданата кора од лимон, солта, сенфот, 2 лажици вода и вегета, па повторно мешајте.
  3. Со мешавината од зачини премачкајте го бутот и оставете го да отстои 12 часа.
  4. Во добро загреана рерна ставете тепсија со масло за да се загрее. Месото ставете го и запечете го на сите страни и продолжете со печењето на 220 степени.
  5. Во меѓувреме останатите 2 чешниња лук и кромидот измешајте ги со ловоровиот лист и рузмаринот, па додајте ги во печењето и прелијте половина од црното вино и оставете да се пече.
  6. За време на печењето месото постепено преливајте го со виното, а при крај прелијте со 2 дл вода и остатокот од виното.
  7. Извадете го печењето од рерна, сосот од зачините процедете го, додајте слатка павлака и сварете го, а печениот бут исечете го на парчиња и послужете го на чинија одозгора со сосот. Можете да го послужите јадењето со ориз и салата.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: