Рецепти
Катмер Ана Ѓорова

Стар рецепт кој го приготвувале одамна нашите баби, а до денес останал еден од повкусните традиционални рецепти. Во некои краишта го нарекуваат и киснат боденик.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(800 Грама)

Масло(200 Милилитри)

Јогурт(150 Милилитри)

Вода(100 Милилитри)

Квасец(1 )

Сол(1/2 Кафена лажица)

Шеќер(малку )

Јајце(4 )

Овчо сирење(200 Грама)

Урда(300 Грама)

Маргарин(150 Грама)

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Квасецот се раствара во малку млака вода, потоа се меша со малку шеќер, сол и се остава да стаса.
  2. Потоа го ставаме брашното во еден подлабок сад, а во средината правиме вдлабнатина, па ги додаваме стасаниот квасец, 150 мл масло, 150 мл јогурт и 100 мл млака вода. Додаваме и сол и шеќер и од сите состојки замесуваме тесто и оставаме да стаса 10-тина минути.
  3. Во меѓувреме подгответе го филот од следните состојки: јајцата изматете ги со жица и додајте ги сирењето и урдата. Додајте сол и бибер по вкус.
  4. Стасаното тесто разделете го на 15 топчиња. Секое топче расукајте го во коричка, секоја коричка (освен најгорната) премачкајте ја со маргарин, па наредете ги една врз друга. Правете така на три места по пет корички.
  5. Од секое купче расукајте голема кора колку големината на тепсија број 26 или 28. Се става првата кора, се премачкува со смеса од измешан маргарин со 50 мл масло и се става половина од филот.
  6. Потоа се става другата кора, повторно фил, па третата кора која се засекува на триаголни парчиња и се боцка со вилушка.
  7. Така приготвеното тесто се остава на собна температура да отстои 30 минути, па се пече 35-40 минути на 180°C.
Кесадии со туна
Ориз со печурки
Просо со брокула (посно)
Сикма
Фритата со домат, туна и сирење
Палачинки со спанаќ и кашкавал
Потпечена блитва со сирење
Палачинки со туна
Октопод со компири и лимон
Кускус со риба
Палачинки со зеленчук
Сендвичи со туна и сос од маслинки
Тарт со тиквички
Плескавици од компири
Сендвичи од палента
Брускети со тиквички
Пикантни брускети
Тиквички со павлака и лук
Палачинки со тиквички
Запиеканка со печурки ( Zapiekanka z pieczarkami )
Кремасто рижото со тиквички
Полнети пиперки со кускус
Кнедли со млеко (Kluski z mlekiem)
Солен колач со зеленчуци
Солен колач од туна
Клуб сендвич
Рижото со домати и маслинки
Вегетаријански тортиљи
Кускус со спанаќ
Киноа со зеленчук

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: