Рецепти
Киноа салата со пиперки и туна
Богата и здрава салата од варена киноа, што може да ја подготвите и за вечера
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
1 лицеВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Киноа зрна(1 Чаша)
Жолта бабура(1 )
Црвена бабура(1 )
Туна во конзерва(200 Грама)
Црни маслинки(50 Грама)
Сирење(100 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Киноата поминете ја низ млаз ладна вода и добро исплакнете ја и исцедете ја.
- Потоа ставете ја во тенџере со вода (за секоја чаша киноа, треба да ставите две чаши вода) и варете ја 15 минути. Исцедете ја и оставете ја да се олади.
- Бабурите исчистете ги од семките и дршките и печете ги 20 минути во рерна на 220°C.
- Печените пиперки излупете ги и исечете ги на ленти.
- Во стаклен сад измешајте ја киноата со пиперките, маслинките без семки, сирењето на коцки и со туната.
- Добро промешајте и пред послужување, оставете ја салатата еден час во фрижидер.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во