Рецепти
Колач со мед Ана Ристеска

Традиционален руски десерт за торта со мед и ореви на која нема да можете да одолеете

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Мед(5 Супени лажици)

Шеќер(5 Супени лажици)

Свинска маст(3 Супени лажици)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Брашно(600 Грама)

Млеко(за филот 1,5 Литар)

Шеќер(за филот 600 Грама)

Нишесте (пченкарен скроб)(за филот 200 Грама)

Мелени ореви(за филот 200 Грама)

Маргарин(за филот 250 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

За корите:

  1. Јајцата и шеќерот пенесто се матат.
  2. Се додава мед, млеко, маст, а потоа и брашно помешано со сода бикарбона, па се размесува месно тесто.
  3. Тестото се дели на 8 топчиња, а потоа се развлекуваат во големина на плехот.
  4. Коричките се печат на опачината на добро подмачкан и набрашнет плех во загреана рерна на 200 степени. Се внимава да останата бели (се печат околу 7 минути).

За филот:

  1. Нишестето се разматува во 5 дл млеко.
  2. Во соодветно тенџере се карамелизира шеќерот и се прелива со 1 л млеко. Се меша додека се растопи карамелот и се остава да зоврие.
  3. Се додава разматеното нишесте и се меша додека се згусне. Се трга од оган и се остава да се излади.
  4. Маргаринот пенасто се мати и се соединува со изладениот крем. На крај се додаваат мелените ореви.
  5. Се филува на вообичаен начин: кора, фил, кора… па колачот се остава да преноќи во ладилник.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: