Рецепти
Кремаста паста салата со јајца и сланина Ана Ѓорова

Оваа брза салата од тестенини со кремаст прелив, зелена салата, тврдоварени јајца и пржена сланина е лесна за правење, а со извонреден вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тестенини(500 Грама)

Јајце(6 )

Сланина(5 Парчиња)

Мајонез(1/2 Чаша)

Павлака(1/3 Чаша)

Свеж сок од лимон(2 Супени лажици)

Филети сардела(2 )

Лук(1 Чешне)

Сенф(1 Супена лажица)

Рендан пармезан(2/3 Чаша)

Целер(1 )

Марула(4 Листови)

Млад кромид(3 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето (употребете ситни тестенини во форма на школка) и потоа исцедете ги. Исплакнете ги под млаз ладна вода, повторно исцедете и тргнете ги во сад настрана.
  2. Во меѓувреме исечете ги тврдоварените јајца на четвртинки, а сланината на коцки.
  3. Пропржете ја сланината во тава со масло на умерен оган 4-5 минути, додека стане крцкава, а потоа ставете ја врз хартија за да се исцеди од течноста.
  4. Во друг сад измешајте ги мајонезот, лимоновиот сок, 1 лажица топла вода, исечканите сардели, сечканиот млад кромид и сенфот. Пробајте дали треба да се додаде воопшто сол, бидејќи самите сардели се доста солени.
  5. Со тестенините измешајте ги половина од пармезанот, половина од пржената сланина, исечканиот целер и исечканата марула. Додајте ја мешавината од мајонезот и убаво измешајте.
  6. Салатата украсете ја со јајцата, останатата сланина и пармезанот, па сервирајте ја.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: