Рецепти
Кременадли со зелка Ана Ѓорова

Сочни кременадли во вкусен сос од зелка и сланина

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински кременадли(4 подебели )

Зелка(1 )

Сланина(200 Грама)

Павлака(200 Милилитри)

Кромид(1 Главица)

Коцка за супа-пилешка(1 )

Кременадли со зелка(1 )

Брашно(1 Супена лажица)

Мајчина душичка во прав(1 Кафена лажица)

Магдонос(1 Китка)

Црвен вински оцет(2 Супени лажици)

Сол(по желба )

Бибер(по желба )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Кременадлите посолете ги и наросете ги со мелен црн пипер, а потоа истолчете ги со дрвен чук од двете страни.
  2. Ставете ги кременадлите да се пржат во длабока тава со загреано масло. Превртувајте ги од двете страни сè додека не добијат убава боја.
  3. Во друга тава на оган пропржете го исечканиот кромид и ставете го заедно во тавата со кременадлите.
  4. Зачинете со мајчина душичка и ситно сечкан магдонос, а потоа налејте околу 2 децилитри вода, покријте ја тавата и оставете да се динста половина час. Превртувајте ги кременадлите.
  5. На парчињата зелка отстранете им ги кочаните, а потоа ситно исечкајте ја.
  6. Ситно исечканата зелка ставете ја да се пропржи во тава со масло и додајте ја сланината исечкана на коцки. Посолете и наросете мелен црн пипер, а потоа гответе додека зелката не омекне и додајте павлака. Промешајте и тргнете настрана.
  7. На оган ставете тенџере со околу половина литар вода и ставете ја пилешката коцка за супа да се вари.
  8. Готовите кременадли извадете ги во чинија настрана, а во тавата каде што се динстаа додајте ја супата со оцетот и убаво промешајте.
  9. Во тава на оган растопете го путерот и пропржете го брашното, а потоа бешамелот додајте го во првата тава заедно со супата.
  10. Послужете ги кременадлите со зелката и прелијте ги со приготвениот сос. Како додаток може да послужите и варени компири.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: