Рецепти
Крофни од соја
Меки, вкусни и неодоливи домашни крофни
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пченкарно брашно(400 Грама)
Соино брашно(200 Грама)
Квасец(30 Грама)
Шеќер(1 Кафена лажица)
Млеко(200 Милилитри)
Павлака(200 Милилитри)
Рум(3 Кафени лажици)
Жолчка од јајце(2 )
Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)
Масло(300 Милилитри)
Ванилин шеќер(5 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Двете брашна се мешаат и се просејуваат.
- Одделно се дроби квасецот, се додава шеќерот и млако млеко, се меша, се посипува со малку брашно и се остава да стаса на топло место.
- Во просеаното брашно се остава вдлабнатина, се посолува, се става стасаниот квасец, помешаните павлака и млеко, рум, шеќер, жолчки и рендана кора од лимон.
- Се замесува меко тесто колку да се појават меурчиња, се посипува со малку брашно и се остава да нарасне околу 40тина минути.
- Потоа тоа тесто се става на површина посипана со брашно и се рассукува до дебелина на еден прст. Со калап или чаша се вадат крофни, се редат и се оставаат да нараснат уште малку.
- Во поголема количина загреан зејтин се ставаат крофните, садот се поклопува и така се пржат неколку минути. Потоа садот се отвара за да поруменат.
- Кога ќе бидат готови се посипуваат со шеќер во прав или ванилин шеќер.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во