Рецепти
Ладна супа од спанаќ
Летна пилешка супа со спанаќ и павлака
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Спанаќ(500 Грама)
Путер(50 Грама)
Кромид(1 Главица)
Ловоров лист(1 )
Леб(3 Парчиња)
Пилешка супа(900 Милилитри)
Морско оревче(1 Кафена лажица)
Свеж сок од лимон(1-2 Супени лажици)
Кисела павлака(6 Супени лажици)
Сол(1 Прстофат)
Бибер(1 Прстофат)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Внимателно измијте го спанаќот, фрлете ги сите дршки и исечкајте го на не многу ситни парчиња.
- Во тенџере стопете го путерот и пропржете го ситно сечканиот кромид, колку да омекне, а не да пожолте.
- Додајте го спанаќот во кромидот и заедно динстајте ги околу 5 минути со повремено мешање.
- Потоа во нив додајте ја супата, зачинете со сол, бибер, рендано морско оревче, сок од лимон и лорберов лист.
- Оставете ја супата да зоврие, па поклопете го тенџерето со капак и варете ја 20-тина минути на тивок оган.
- Извадете го лорберовиот лист, супата испасирајте ја, вратете ја во тенџере, па на рингла оставете да врие уште 2-3 минути.
- Откако супата ќе се подолади, ставете ја во фрижидер.
- Парчињата леб исечете ги на коцкички и испржете ги.
- Пред послужување, измешајте во супата кисела павлака, а коцкичките леб ставете ги на средина од супата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во