Рецепти
Лазањи со шампињони Ана Ѓорова

Вкусни и сочни лазањи со фил од печурки, доматен сос и мелено месо и со бешамел сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кромид(1 Главица)

Лук(2 Чешниња)

Лазањи-готови(500 Грама)

Свежи шампињони(500 Грама)

Мешано мелено месо(250 Грама)

Кашкавал(100 Грама)

Масло(30 Милилитри)

Доматен сос(1 Литар)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер

Морско оревче

Путер(50 Грама)

Брашно(60 Грама)

Млеко(500 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Ситно исечканиот кромид се пржи во масло.
  2. Во тавата со кромид се додаваат исечканите шампињони и лукот, па сè заедно се пржи околу 10 минути, односно додека испари течноста. Потоа се додава месото и се пржи уште 5 минути.
  3. Во испржената смеса се додаваат сол и зачини, па се додава доматниот сос. Се остава да врие уште 5 минути.
  4. Во друга тава се топи путерот, откако ќе се стопи се додава брашното и се пржи додека зарумени. Со постојано мешање постепено се додава млекото и половина лажичка сол. Бешамел сосот се меша додека се згусне.
  5. Лазањите се редат во плех премачкан со путер и тоа ред лазањи, па ред од филот со печурки и месо и на крај се става од бешамел сосот. Се повторува постапката сè додека има кори. Одозгора се става бешамел и се прекрива со исечени листови кашкавал.
  6. Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: