Рецепти
Лесна пита
Пита со сирење и оригано што е одличен појадок со чаша јогурт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(5 )
Брашно(15 Супени лажици)
Масло(1/2 Чаша)
Јогурт(1 Чаша)
Прашок за печиво(1 Пакување)
Суво оригано(1 Прстофат)
Сирење(250 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Брашното се меша со печивото и се додаваат 2 јајца, маслото, јогуртот и малку оригано.
- Смесата се меша добро, се става во подмачкано тавче (бр.26) со маргарин и се пече.
- Откако ќе се испече (ама не целосно), се прави фил од сирењето и 3 јајца, па се распоредува врз печената погача. Со лажица се раскопува малку питата и се става филот, па се додава сусам и ким и се допекува уште малку.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во