Рецепти

Мафини со јајца и зеленчук
Вкусен појадок полн со протеини за одлично започнување на денот
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
3 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Масло(1 Супена лажица)
Кромид(1 Главица)
Црвена бабура(1 )
Морков(3-4 )
Свежи шампињони(170 Грама)
Суво оригано(1 Кафена лажица)
Лук во прав(1/2 Кафена лажица)
Црвен пипер(1/4 Кафена лажица)
Буковец(1/4 Кафена лажица)
Спанаќ(280 Грама)
Сирење(или урда 450 грама )
Јајце(7 )
Рендан кашкавал(140 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Загрејте ја рерната на 190 степени.
- Во тава на умерен оган загрејте масло и пропржете ги сечканиот кромид, пиперката и морковите (морковите може и рендани). Гответе ги додека малку омекнат, околу 7-10 минути.
- Потоа додајте ги сечканите печурки и гответе додека да испуштат течност, околу 5 минути.
- Зачинете со оригано, лук во прав, црвен пипер и буковец.
- Додајте го свежиот исечкан спанаќ и гответе додека течноста од спанаќот се апсорбира. Тргнете од оган.
- Во друг поголем сад со виљушка изматете ги сирењето (може и урда), јајцата и ренданиот кашкавал, па додајте ги кај зеленчуците.
- Смесата претурете ја во намастени калапи за мафини и печете ги во веќе загреаната рерна околу 25-30 минути.
- Пред сервирање, оставете ги малку да се оладат, па послужете ги со ајвар и сирење.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во