Рецепти
Мусака со пилешко месо и брокула Ана Ѓорова

Мусака од пилешко месо, брокула и бел сос од павлака

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брокула(500 Грама)

Пилешки гради(600 Грама)

Кромид

Брашно(2-3 Супени лажици)

Павлака(4 Супени лажици)

Масло

Вегета

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Пилешкото не го сечкајте многу ситно. Зачинете го со вегета, а брокулата исечкајте ја на парчиња и попарете ја со врела вода.
  2. Направете сос така што на малку масло ќе го запржите сечканиот кромид. Кога убаво ќе омекне, додајте 2-3 лажици брашно, запржете уште малку, па налејте топла вода колку да се добие не многу густа смеса.
  3. Сосот проварете го околу 3-4 минути. Во малку изладениот сос додајте 4 лажици павлака и вегета по желба.
  4. Огноотпорниот сад намачкајте го со масло и прво наредете еден слој брокула, па пилешко месо и на крај од сосот. Постапката повторете ја уште еднаш. На крајот завршете со брокула и сос.
  5. Покријте го садот со капак и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: