Рецепти
Наан леб со сусам и коријандер
Рецепт за традиционален индиски леб кој Ви го предложуваме во комбинација со зеленчук, месо или за подготовка на сендвичи
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
Азиска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(1 Чаша)
Пченкарно брашно(1 Чаша)
Сода бикарбона(1 Кафена лажица)
Масло(1 Супена лажица)
Јогурт(1 Чаша)
Коријандер(0.5 Шака)
Сусам(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 15 минути
- Во подлабок сад измешајте го пченкарното и обичното брашно со сода бикарбона. Направете круг во центарот и ставете масло и јогурт, па замесете тесто. Ако е потребно додавајте вода за да се размеси подобро, а доколку смесата е леплива додајте брашно. Кога убаво ќе соедините и ќе го оформите тестото, покријте со крпа и оставете да отстои 15тина минути.
- Од тестото исечете околу 8-9 еднакви парчиња. Со сукало замесете едно од парчињата (не стискајте премногу, лепчињата не треба да бидат претенки) и наросете на секое парче со парчиња ситно исечкан коријандер и сусам. Притиснете со сукалото или со рака за убаво да навлезат во тестото.
- Во тава за пржење ставете путер и едно од парчињата и поклопете со капак. Лебот по неколку секунди би требало да се подигне како кога пржите мекици. Пржете 1 минута на едната страна, намачкајте го лебот со путер и потоа превртете на другата страна. Повторете ја постапката со останатото тесто.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во