Рецепти
Ориз со печурки
Вкусно јадење на едноставен начин. Подгответе го за лесен оброк или како гарнир
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Ориз(150 Грама)
Кромид(1/2 Главица)
Масло(1 Супена лажица)
Маринирани шампињони(1 Шака)
Магдонос(1/2 Китка)
Црвен пипер(1 Супена лажица)
Бело вино(30-50 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Во тенџере со 1 л вода сварете ја коцката за супа.
- Во тава на оган загрејте го маслото и пржете го кромидот со 1/2 лажица црвен пипер, сол и бибер по вкус додека убаво да омекне, околу 5 минути.
- Оризот измијте го и исцедете го, па ставете го во тавата и пржете го 5-10 минути убаво да се запржи. Мешајте повремено да не се залепи на тавата. Додајте и половина од сечканиот магдонос.
- Откако и оризот ќе се пропржи, во тавата налејте околу 2 кутлачи од сварената супа и белото вино.
- Зачинете повторно со останатиот црвен пипер и со сол и бибер и варете го оризот. По потреба додавајте уште супа.
- При крајот додајте го останатиот сечкан магдонос и сечканите маринирани шампињони од тегла и убаво промешајте, па гответе уште 5 минути да впијат сите вкусови.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во