Рецепти
Овесни барови со јаворов сируп
Здрава ужинка или појадок со чаша млеко. Уживајте!
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Банана(1 )
Јајце(1 )
Јаворов сируп(3/8 Чаша)
Овесни снегулки(2 1/2 )
Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)
Цимет(1 Кафена лажица)
Сол(1/4 Кафена лажица)
Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)
Кокосово масло(1/4 Чаша)
Сечкани ореви(1/3 Чаша)
Млеко(1 Чаша)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Изблендирајте 1 чаша од овесните снегулки да се сомелат како брашно.
- Потоа во садот со овесните снегулки додајте ги млекото, испасираната банана, јаворовиот сируп, кокосовото масло, јајцето и ванилата, па мешајте со жица за матење да се соединат состојките.
- Додајте ги останатите овесни снегулки, циметот, прашокот за печиво и солта, па измешајте.
- Додајте ги и сечканите ореви, измешајте, па претурете ја смесата во намастен четвртаст калап за печење.
- Печете 35-40 минути или додека колачот добие златнокафена боја. По 25 минути печење проверете дали брзо се пече, ако веќе е потемнет колачот, ставете одозгора хартија за печење и допечете го.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во