Рецепти
Овесни колачиња со цимет и мед
Брзи и лесни овесни колачиња за вкусна ужинка
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Масло(120 Милилитри)
Овесни снегулки(2 Чаши)
Маргарин(или путер 40 грама )
Суво грозје(2/3 Чаша)
Шеќер(1/2 Чаша)
Мед(2 Супени лажици)
Јајце(2 )
Брашно(3 Супени лажици)
Цимет(2-3 Кафени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Маслото и путерот се топат во тенџере на рингла.
- Се додаваат шеќерот, овесните снегулки, сувото грозје и медот и се трга настрана да се олади.
- Потоа се додаваат 2 јајца и брашното и непрекинато се меша со лажица.
- Колачињата рачно се обликуваат во кружна форма и редат во плех врз хартија за печење.
- Се печат во рерна на 170 степени околу 7-8 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во