Рецепти
Палачинки со печурки и бешамел сос Ана Ѓорова

Сочни, потпечени солени палачинки со кремаст сос и со печурки што се одлични за вечера со чаша вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(150 Грама)

Млеко(1 и пол децилитар + половина литар )

Јајце(2 )

Путер(80 Грама)

Сол

Свежи шампињони(200 Грама)

Лимон(1 )

Кисела павлака(3,5 Децилитри)

Сирење(200 Грама)

Кашкавал(170 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Во сад измешајте 2 јајца со малку сол и матете ги со виљушка или миксер. Брашното (100 г) измешајте го со 1,5 децилитар млеко, па додајте ги кај јајцата. Изматете ја повторно смесата за да нема грутки и пржете палачинки од двете страни.
  2. Бешамел сосот подгответе го со тоа што ќе растопите во тенџере 50 г путер и на него ќе пропржите 50 грама брашно многу кратко, со постојано мешање. Додајте 1/2 литар млеко и гответе на умерен оган додека смесата се згусне.
  3. Потоа додајте 2 децилитри кисела павлака и 200 грама рендано сирење (употребете посуво сирење) и повторно промешајте, па гответе додека ја добиете посакуваната густина на сосот. Може по желба да додадете и малку лукче и бибер.
  4. Печурките измијте ги и посипете ги со сокот од лимон; исечкајте ги и пржете ги во тава со 30 г путер. Додајте сол по вкус.
  5. Бешамел сосот измешајте го со печурките и со 30 г кашкавал или пармезан.
  6. Филувајте ги палачинките со готовиот фил од печурки и сос, поклопете ги добро, наредете ги во огноотпорен сад со хартија за печење, посипете уште кашкавал и печурки по желба и печете ги на 170 степени, половина час.
Банана залчиња
Дроб во кошулица
Овесни барови со јаворов сируп
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Посна сарма со праз и шампињони
Филе Велингтон
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Ролат со цимет и суво грозје
Чоколадни бомбици со авокадо
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Пита со јајца и кајмак
Печен ролат од свинско каре
Торта со печурки
Полнети телешки шницли
Крокети од полнети јајца
Банана бомбици со гранола
Солен колач праз и сирење
Домашен крем од кикирики
Лажни лазањи со зелка и колбаси
Кифли со виршла и кашкавал
Романски качамак
Чоколадни коцки со црн грав
Вегетаријански лазањи
Солена пита со маслинки
Полнет леб
Печена скуша (посно)
Тава пилешко со бешамел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: