Рецепти

Палента со печурки и сос
Едноставен, а одличен рецепт со извонреден вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
ВечераТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пченкарно брашно(300 Грама)
Масло(4 Супени лажици)
Сирење(50-70 Грама)
Доматен сос(400 Грама)
Свежи шампињони(400 Грама)
Кромид(1 помала главица )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Пченкарното брашно сварете го во еден литар посолена вода.
- Додајте го маслото, ренданото сирење и сето тоа ставете го во подмачкан сад.
- Врз него додајте сос од домат, сол и бибер.
- Шампињоните исечете ги на листови и пржете ги со исечканиот кромид. Зачинете ги и ставете ги врз палентата.
- Додајте уште малку сирење (или кашкавал) и допечете ја палентата 5 минути во рерна.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во