Рецепти
Пикантни колбаси на скара
Домашни лути колбасици на скара од свинско месо со зеленчук и пикантен сос
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Мексиканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Свинско мелено месо(1 Килограм)
Кромид(50 Грама)
Чили пиперка(3 )
Лук(1 Чешне)
Тортиљи(4 )
Гауда кашкавал(120 Грама)
Модар патлиџан(50 Грама)
Тиквичка(50 Грама)
Домат(60-70 Грама)
Црвен кромид(50 Грама)
Пченка во конзерва(50 Грама)
Коријандер(1/2 Китка)
Зелен лимон(2 )
Маслиново масло(3 Децилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Измешајте го меленото месо со ситно сечканиот кромид, 2 лути пиперчиња ситно исечкани, сечканото чешне лук, црвен пипер, бибер и сол.
- Смесата добро соединете ја и со дланките обликувајте мали колбасици кои ќе ги набодете на дрвени стапчиња за ражничи, а потоа испечете ги на скара.
- Тиквичките, модриот патлиџан, 50 грама исечкан домат (само месестиот дел), 50 грама црвен кромид исечкајте ги на ситни коцкички, едно по едно од зеленчуците пржете ги на силен оган, оставете да се оладат, па помешајте ги со изренданиот гауда кашкавал и пченката од конзерва.
- Наредете ги тортиљите, замотајте ги во алуминиумска фолија и додајте го зеленукот.
- За сосот: ситно исечкајте 2 домати, 1 црвен кромид, 1 луто пиперче и коријандерот. Исцедете ја лиметата и додајте 3 дл маслиново масло, па сето тоа убаво промешајте го.
- Тортиљите во алуминиумска фолија малку загрејте ги на скарата колку да се растопи кашкавалот.
- Печените колбасици ставете ги врз зеленчукот во тортиљите и послужете ги со сосот. Во сосот по желба може да додадете и кисела павлака.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во