Рецепти
Пита со боровинки Ана Ѓорова

Пита со фил од пудинг и свежи боровинки за вкусен десерт. Уживајте!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1,5 Чаша)

Сол(3/4 Кафена лажица)

Путер(1/2 коцка )

Лимон(1 )

Вода(9 Супени лажици)

Боровница(1 Чаша)

Шеќер(12 Супени лажици)

Млеко(900 Милилитри)

Гриз(2 Супени лажици)

Цимет(1/2 кесичка )

Пудинг од ванила(2 Пакувања)

Шлаг во прав(80 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Тесто: се мешаат брашното, ренданата кора од лимон и 3/4 лажиче сол. Се додава 1/2 коцка путер и се меси со раце додека се добие хомогена смеса.
  2. Постепено се додава водата (9 лажици ладна), повторно се меси и се прави кора во големина на калапот (претходно намастен).
  3. Добиената смеса се става на дното на плехот, така што се подизвлекува од страните по рабовите, да биде како корпа во која ќе се додадат филовите.
  4. Фил: во 700 мл млеко одвојуваме малку за да го помешаме со пудинзите од ванила, другото млеко го загреваме со 8 лажици шеќер и го додаваме постепено растворениот прашак за пудинг, па мешаме додека добиеме густ пудинг од ванила.
  5. Боровинките ги гмечиме со виљушка, додаваме 2 лажици гриз (или брашно), 2 лажици шеќер и цимет, па мешаме.
  6. Во оваа смеса, постепено додаваме половина од пудингот и промешуваме.
  7. Кората ја печеме на 190 степени, 10-тина минути, па го додаваме филот со боровинки и враќаме во рерна да се пече уште 10 минути.
  8. Ја вадиме питата од рерна и го додаваме преостанатиот пудинг од ванила, па оставаме убаво да се олади.
  9. Со миксер се матат шлагот и 2 лажици шеќер со 200 мл млеко додека се добие цврста шлаг-пена. Се додаваат неколку зрна боровинки за да добие убава виолетова боја.
  10. Пената се нанесува врз филот со пудинг, може да се декорира со неколку зрна боровинки.
  11. Се остава во фрижидер да се стврдне, па се сече на парчиња.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: