Рецепти
Погачици со маслинки (хроно)
Идеја за хроно појадок. По желба во тестото може да додадете и малку сирење и сечкан сушен домат.
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(300 Грама)
Сол(1 Кафена лажица)
Прашок за печиво(1 Кафена лажица)
Путер(100 Грама)
Црни маслинки(50 Грама)
Суво оригано(1/2 Кафена лажица)
Вода(50 Милилитри)
Белка од јајце(1 )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 55 минути
- Во подлабок сад измешајте брашно, сол и прашак за печиво. Додајте коцки ладен путер, сечкани маслинки и оригано. Прелијте и малку вода да се соединат сите состојки.
- Тестото не треба да мирува, туку може веднаш да се развлече на дебелина од 0,5 см. Со чаша вадете погачици и редете ги во плех.
- Премачкајте со изматената белка и посипете малку изрендано сирење или некое семе по желба.
- Печете на 200 степени околу 30 минути и послужете топло за појадок.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во