Рецепти
Полнети пилешки копани Ана Ѓорова

Полнети пилешки копани со сос од модри патлиџани и магдонос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки копан(4 )

Сланина(50 Грама)

Модар патлиџан(1 )

Црвена пиперка(1 )

Кромид(1 Главица)

Лук(3 Чешниња)

Магдонос(1 Китка)

Лебни трошки(1 Супена лажица)

Маргарин(50 Грама)

Бибер(1 Кафена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Сушен темјан(1 Супена лажица)

Сечкан магдонос(3-4 Супени лажици)

Брашно(1 Супена лажица)

Бистра зеленчукова супа(1.5 Децилитри)

Слатка павлака(0.5 Децилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Сланината исечете ја на коцки и ставете ја да се пропржи со исечканиот кромид, исечканата пиперка и парчињата модар патлиџан.
  2. Лукот излупете го и истолчете го, а потоа додајте го во тавата со сланината, додајте сол, бибер, лебни трошки и исечкана китка магдонос. Гответе кратко, 3-5 минути со повремено мешање.
  3. Пилешките копани исчистете ги од коските и наполнете ги со приготвениот фил, а потоа прицврстете ги со дрвени чепкалки.
  4. Убаво втријте ја солта на полнетото месо, биберот и темјанот, попрскајте го со масло и печете во огноотпорен сад додека копаните не добијат убава боја и не станат крцкави.
  5. Во друг сад на оган стопете го маргаринот и пропржете брашно и сечкан магдонос. По желба додајте уште темјан.
  6. Пропржената смеса прелијте ја со зеленчукова супа и со слатката павлака и гответе додека супата не зоврие.
  7. Прелијте ги печените копани со готовата супа и послужете ги со гарнир од зеленчук.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: