Рецепти
Посна руска салата
Одлична за посни слави
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пченка(смрзната 500 грама )
Туна во конзерва(500 грама )
Компир(2 поголеми )
Кисели краставички(150 Грама)
Сусам(1 Пакување)
Маринирани шампињони(1 пакување во ќесичка )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Пченката се одмрзнува и се вари во тенџере со вода на оган, а потоа се цеди.
- Компирите се варат во друго тенџере, а потоа се лупат и се сечат на ситни коцки.
- Киселите краставички (не ставајте многу да не се скисели салатата) се сечкаат на ситни коцки.
- Потоа пченката, компирите и киселите краставички се мешаат со исцедената и иситнета туна и исцедените исечкани маринирани печурки.
- Се додава посен мајонез колку да се изедначи салатата.
- Сусамот се потпекува во тава на оган (без масло) малку колку да стане крцкав, но не да се препече и се меша на крај со мајонезот и со состојките во садот.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во