Рецепти
Пржени јаболки Ана Ѓорова

Прстени од пржени јаболки со цимет и ванила

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јаболко(1 Килограм)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Цимет(0.5 Кафена лажица)

Јајце(2 )

Млеко(500 Милилитри)

Брашно(350 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Масло(300 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Јаболките излупете ги, издлабете ги во средината, па исечете ги на кругови со дебелина од околу половина сантиметар.
  2. Парчињата јаболка наросете ги со ванилин шеќер и цимет и оставете ги да отстојат 15-тина минути.
  3. Во меѓувреме со миксер изматете ги јајцата, млекото, брашното и солта додека не добиете густа смеса. Оставете ја смесата настрана да отстои 15-тина минути.
  4. Јаболките измешајте ги во смесата и пржете ги во длабок сад со повеќе масло додека не добијат златна боја.
  5. Пржените јаболки извадете ги на хартија за да впијат од вишокот маснотија. Наросете шеќер во прав и послужете ги топли или ладни.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: