Рецепти
Шпагети ала Аматрикана Ана Ѓорова

Вкусни шпагети со сос од домати и со сланина. Добар апетит!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шпагети(320 Грама)

Домат(400 Грама)

Сланина(150 Грама)

Пекорино кашкавал(или друг вид 75 грама )

Сол

Маслиново масло

Феферонки(1 )

Бело вино(50 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Шпагетите ставете ги да се варат во солена, зовриена вода околу 7-10 минути. Исцедете ги и оставете ги во тенџере настрана.
  2. Во меѓувреме, сланината исечкајте ја на ситни коцкички и пропржете ја во тенџере на оган со загреаното масло и со целото пиперче. Пржете со мешање на тивок оган околу 8-10 минути.
  3. Откако месото убаво ќе се пропржи, додајте го виното, зголемете ја температурата на ринглата и варете додека виното испари. Тргнете го месото настрана во чинија, а пиперчето исчекајте го.
  4. Во истото тенџере ставете ги доматите, претходно излупени и исечкани. Пожелно е да употребите позрели домати. Гответе го сосот од домати 10-тина минути. Зачинете со сол.
  5. Во сосот од домати додајте ги коцките пржена сланина и сечканото пиперче, измешајте, па додајте ги сварените шпагети и сè заедно мешајте на тивок оган уште една минута.
  6. Одозгора изрендајте го кашкавалот, добро измешајте ги тестенините и послужете ги веднаш.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: