Рецепти
Шпагети со шери домати, босилек, спанаќ и пармезан Ана Ристеска

Овој брз паста оброк е вкусен колку што и е лесен за подготвка. Одличен избор е за вечера, кога не сакате да поминете многу часови во кујната.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шпагети(113 Грама)

Шери домати(3 Чаши)

Спанаќ(2 Чаши)

Свеж босилек(10-12 Листови)

Лук(4 Чешниња)

Суво оригано(1 Кафена лажица)

Морска сол(1/2 Кафена лажица)

Бибер(1/2 Кафена лажица)

Рендан пармезан(1/4 Чаша)

Чили пиперка(1 )

Маслиново масло(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути

  1. Големо тенџере со малку засолена вода ставете го на рингла додека да зоврие водата.
  2. Од кога ќе зоврие водата ставете ги шпагетите и гответе ги според упатството.
  3. Кога шпагетите ќе бидат готови, исцедете ја водата и зачувајте само 3/4 чаша од неа.
  4. Додека шпагетите се варат, во големо тавче загрејте маслиново масло на средна температура.
  5. Додајте го го лукот и оставете да се динста околку 1-2 минути или додека не почне да пожолтува (бидете внимателни да не ви изгоре).
  6. Додајте ги доматите, ориганото, сол и бибер. Гответе ги доматите околу 3-4 минути, додека сокот не почне да излегува од нив. Додајте ја и ситно исечканата чили пиперка и пропржете уште минута или две.
  7. Сега додајте ги зготвените шпагети и водата од нив која ја зачувавте. Измешајте ги убаво состојките така што шпагетите ќе бидат целосно покриени во сосот.
  8. Додајте ги исечканите спанаќ, босилек и пармезанот. Ставете ја температурата на тивко и повторно промешајте за шпагетите да бидат убаво покриени со сите состојки.
  9. Тргнете ги шпагетите од оган и послужете ги со рендан пармезан за посилен вкус.
Овесни палачинки со банана
Салата со соја и шампињони
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Чај со јаболко
Пица од карфиол
Смути со калинки
Печен карфиол со сладок компир
Салата со карфиол и маслинки
Чиа пудинг со банани
Смути во чинија со шумско овошје
Бурито со мешано месо
Брза салата од брокула
Смути од ѓумбир и круши
Есенско смути
Свинско месо со бел сос
Вафли со боровинки
Мини палачинки со спанаќ
Ориз со печурки
Риба со жалфија
Овесно смути со кафе
Намаз од рукола
Смути со киви и шумско овошје
Шејк со јаболко
Пилешко на индиски начин
Тортелини со спанаќ и брокула
Пире од карфиол
Алжирски солени палачинки
Тахини (сос од сусам)
Намаз од сладок компир и куркума
Детокс смути со ѓумбир и зелено јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: