Рецепти
Штрудла со афион Ана Ѓорова

Ароматичен и мек десерт од афион за вистинско задоволство

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Афион(250 Грама)

Млеко(320 Милилитри)

Шеќер(200 Грама)

Ванила во прав(1 Пакување)

Цимет(1 Кафена лажица)

Лимон(1 )

Квасец(1 )

Брашно(430 Грама)

Путер(80 Грама)

Јајце(2 )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

ФИЛ:

  1. Во тенџере ставете 200 грама млеко, 200 грама шеќер, афион, ванила, цимет и 1/2 рендана кора од еден лимон.
  2. Измешајте ги состојките и ставете го тенџерето на оган да врие на тивко додека да згусне смесата, а потоа оставете настрана да се олади.

ТЕСТО:

  1. Во сад растопете 1 квасец со 120 грама млако млеко, 1 кафена лажица шеќер и 1 кафена лажица брашно. Потоа оставете го садот настрана и покријте го со крпа да стаса.
  2. Во меѓувреме во тенџере на оган растопете путер, додајте 400-450 грама брашно и другата половина од ренданата кора од лимон.
  3. Во друг сад изматете 2 јајца со 4 лажици шеќер, додајте го садот со квасецот и млекото и сè тоа измешајте го во тенџерето со путер, па замесете тесто.

ПОДГОТОВКА:

  1. Тестото поделете го на два дела.
  2. Развлечете го на долго и ставете го во намастен плех, а потоа филувајте го со смесата од афионот и затворете го тестото во круг како ролат.
  3. Оставете го филуваното тесто во плехот неколку минути да стаса, а одозгора попрскајте го со малку вода.
  4. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.
  5. Кога ќе се испече штрудлата, повторно попрскајте ја со малку вода одозгора и покријте ја.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: