Рецепти
Слоевита торта Ана Ѓорова

Декоративна торта со повеќе слоеви и глазура од лимон и чоколаден прелив

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер во прав(400 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Маргарин(200 Грама)

Брашно(150 Грама)

Прашок за печиво(2 полни супени лажици )

Бадеми(30 Грама)

Јајце(5 )

Рум(1 Супена лажица)

Лимон(1 )

Белка од јајце(1 )

Чоколаден прелив

Мармалад од кајсии

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Со миксер пенасто изматете го маргаринот, додајте 200 грама шеќер во прав, ванилиниот шеќер, 2 јајца и 3 жолчки. Мешајте за да добиете изедначена смеса.
  2. Во посебен сад изматете 3 белки со миксер во цврст снег.
  3. Во садот со маргаринот додајте го брашното измешано со печивото и излупените и исечкани бадеми, а потоа додајте го и снегот од матени белки. Сето тоа добро промешајте го.
  4. Дното од садот за печење торти намастете го и набрашнете го со малку брашно, а потоа врз него нанесете тенок слој од тестото.
  5. Печете го во средно накај висока температура во рерна околу 3-5 минути, така што тестото малку ќе пожолте.
  6. Извадете го од рерна, намачкајте го со нов слој од тестото и повторно печете. На тој начин, по слоеви, испечете го целото тесто.
  7. За време на печењето уклучете ги горните грејачи во рерната за да не се изгори долниот слој од тортата.
  8. Оладената торта намачкајте ја со тенок слој мармалад и потоа прелијте ја со глазурата од лимон, а врз глазурата украсете со чоколаден прелив и со влажен нож повлечете неколку паралелни линии од еден до друг крај за декорација.

*Глазура од лимон: добро измешајте 200 грама шеќер во прав со сокот од лимон и 1 белка. Ако е потребно, додајте уште неколку капки врела вода.

Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: