Рецепти
Свински ребра на португалски начин Ана Ѓорова

Свински ребра во доматен сос со маслинки во комбинација со гарнир од зеленчукова мешавина

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински ребра(4 )

Домат(4 )

Карфиол(400 Грама)

Црни маслинки(150 Грама)

Златна мешавина(200 Грама)

Кромид(1 Главица)

Доматно пире(2 Супени лажици)

Лук(4 Чешниња)

Коцка за супа-говедскa(1 )

Оцет(1 Супена лажица)

Шеќер(1 Супена лажица)

Нишесте (пченкарен скроб)(1 Супена лажица)

Маслиново масло(4 Супени лажици)

Рендан пармезан(0.5 Чаша)

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во тава за пржење ставаме масло и го додаваме кромидот малку да се пропржи. Ги додаваме исечканиот домат и исечканите маслинки, добро промешуваме и подоцна го додаваме и доматното пире, оцетот и шеќерот.
  2. Свинските ребра ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги толчиме со дрвен чук. Потоа ги ставаме на скара да се печат од двете страни. Кога ќе бидат готови тргнете ги настрана во тенџере со капак.
  3. Во друго тенџере со вода на оган ја ставаме говедската коцка за супа да се вари.
  4. Ситно сечкаме лук и го додаваме во тавата со зеленчукот. Содржината во тавата ја посолуваме и ја наросуваме со мелен црн пипер, а потоа додаваме дел од сварената супа и промешуваме.
  5. Густинот го размешуваме со вода и додаваме црвен пипер, а потоа ги додаваме во тавата. Ја додаваме и преостанатата супа и повторно промешуваме.
  6. Потоа содржината од тавата со црпалка низ цедалка ја претураме во подлабок голем сад; исцедениот зеленчук го ставаме во блендер, го пасираме и смесата ја додаваме во големиот длабок сад и промешуваме со црпалката.
  7. Смесата ја ставаме во керамичка тава и ги ставаме печените ребра, ги прелеваме со преостанатата смеса од садот, ги наросуваме со пармезан, а одзгора додаваме парчиња маслинки. Печеме 15 минути на 225°C.
  8. Претходно обарениот карфиол го ставаме во тава на оган да се пржи, додаваме бибер и промешуваме кратко колку да омекне. Го тргаме настрана и ја ставаме златната мешавина да се пропржи, а потоа заедно со карфиолот ги тргаме во чинија со капак настрана и додаваме зачини по желба.
  9. Ја вадиме тавата од рерна. На чинија за сервирање ставаме од сосот во тавата, а потоа како гарнир мешаниот зеленчук и карфиолот, па на крај свинските ребра. Одозгора ги преливаме готовите свински ребра со сосот во кој се подготвуваа и украсуваме со гранчиња магдонос по желба.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: