Рецепти
Торта од јаболка со цимет Ана Ѓорова

Брза и лесна торта од свежи јаболки и цимет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Несолен путер(200 Грама)

Ванилин шеќер(1 Супена лажица)

Шеќер(3/4 Чаша)

Јајце(3 )

Јаболко(2 )

Бадеми(1/4 Чаша)

Цимет(1/4 Кафена лажица)

Брашно(2 Чаши)

Млеко(1/3 Чаша)

Шеќер во прав(1 Чаша)

Рендана кора од лимон(1 Кафена лажица)

Свеж сок од лимон(1-2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180°C. Намастете кружна длабока тава со растопен путер или со масло.
  2. Ставете 185 грама путер, ванилиниот шеќер, шеќерот и јајцата во миксер. Матете ги една минута или додека да добиете кремаста смеса.
  3. Јаболките излупете ги и исечкајте ги, па додајте ги на смесата заедно со бадемите и циметот. Продолжете да матите во миксерот уште 15 секунди.
  4. Потоа додајте ги брашното и млекото, па продолжете со матењето уште 20 секунди, или сè додека не се иситнат јаболките и бадемите, а смесата да стане хомогена.
  5. Префрлете ја смесата во подготвената тава и израмнете ја површината. Печете ја тортата 40 минути, а потоа оставете ја 5 минути да отстои пред да ја извадите од тавата.
  6. Во меѓувреме подгответе глазура: во сад ставете го шеќерот во прав, лажичка ситно изрендана кора од лимон, 10 грама несолен путер и 1-2 лажици свежо исцеден сок од лимон. Додајте вода онолку колку што е потребно за да се добие цврста смеса.
  7. Садот со состојките за глазурата ставете го врз поголем сад со зовриена вода и мешајте ја смесата додека да стане хомогена. Премачкајте ја тортата со подготвената глазура.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: