Рецепти
Торта ролат Ана Ѓорова

Декоративна торта што е одлична за роденденски прослави

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(12 Супени лажици)

Брашно(7 Супени лажици)

Џем од јагоди(400 Грама)

Млеко(500 Милилитри)

Пудинг од чоколадо(2 Пакувања)

Путер(50 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

Мелени ореви(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во сад за матење се матат јајцата со 6 лажици шеќер додека шеќерот се растопи. Во садот постепено го додаваме брашното, мешајќи со лажица.
  2. Смесата се става во тава обложена со хартија за печење. Се пече на 200 степени додека не се зарумени одозгора.
  3. Го вадиме тестото од рерна, по 5 минути го превртуваме на влажна крпа, веднаш го премачкуваме со мармалад (од јагоди, малини или капини) и го виткаме во ролат.
  4. Ролатот треба да отстои половина ден, а потоа се сече на парчиња со дебелина од 1 см.
  5. Филот: млекото се вари со 6 лажици шеќер и се додаваат двата чоколадни пудинзи кои претходно се растопени во малку млеко. Кога смесата ќе се згусне, се додава чоколадото за готвење и путерот.
  6. Тргаме од оган и оставаме да се олади и тогаш ги додаваме мелените ореви.
  7. Во кружен (полутопчест) сад се редат исечените парчиња ролат по ѕидовите на садот едно до друго. Најдолу на садот се става од филот со дебелина од 1 см, па се реди ролатот хоризонтално. Постапката се повторува додека не се наполни садот, а да се заврши со ролат.
  8. Садот се става во фрижидер да се стегне и по 2 часа се превртува во плитка, кружна чинија. Се украсува со шлаг по желба.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: