Рецепти
Црн чоколаден колач
Едноставен чоколаден колач како десерт за со кафето
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Какао(50 грама (за филот) )
Црно чоколадо(100 грама (за филот) )
Маргарин(250 грама (за филот) )
Млеко(250 милилитри (за филот) )
Шеќер(500 грама (за филот) )
Јајце(4 )
Прашок за печиво(1 )
Шеќер(4 лажици (за пандишпан) )
Брашно(4 лажици (за пандишпан) )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
Фил:
- Маргаринот, шеќерот и млекото се ставаат да зовријат и потоа се додаваат какаото и ситно исечкано чоколадо.
- Сето тоа се вари на тивок оган од 10-15 минути додека ја добие потребната густина.
- Се остава да се олади.
Пандишпан:
- Додека филот се лади, се приготвува пандишпанот. Се матат 4 јајца со 4 лажици брашно, 4 лажици шеќер и 1 прашак за печиво.
- Во изматениот пандишпан се додава половина од филот, се меша со лажица и се става да се пече во плех бр. 36.
- Кога пандишпанот ќе се испече, се трга настрана и се премачкува со преостанатиот фил.
- Колачот се сече и служи по 3-4 часа.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во