Рецепти
Турски ѓевречиња (посно) Ана Ѓорова

Вкусни домашни ѓевречиња со чаша јогурт за појадок

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Сусам(300 Грама)

Мед(2 Супени лажици)

Вода(млака 500 мл )

Квасец(1 свеж )

Масло(4 Супени лажици)

Прашок за печиво(1/2 )

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Квасецот изронете го и додајте го во сад со брашното.
  2. Потоа додајте ги маслото и прашокот за печиво и посолете.
  3. Додајте ја водата и со раката замесете тесто, па оставете го да стасува 30 минути.
  4. Стасаното тесто размесете го со рака на набрашнета работна маса, исечете го на 7 еднакви дела и формирајте топчиња.
  5. Од првото топче со раце развлечете долгнавеста форма и формирајте го ѓеврекот соединувајќи ги краевите.
  6. На истиот начин формирајте ги сите ѓевреци.
  7. Во зовриена вода во тенџере на оган додајте го медот и мешајте додека да се растопи.
  8. Првиот ѓеврек ставете го во тенџерето и варете го 30 секунди.
  9. Со лажица решетка извадете го ѓеврекот од тенџерето, од сите страни извалкајте го со сусам и ставете го во тава за печење обложена со хартија за печење.
  10. Истата постапка повторете ја со сите ѓевреци.
  11. Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200 степени.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: