Рецепти
Васина торта Ана Ѓорова

Вкусна и богата торта со пандишпан, слој од чоколадо, ореви и шлаг

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(9 )

Путер(250 Грама)

Мелени ореви(300 Грама)

Шеќер(300 Грама)

Портокал(1 )

Црно чоколадо(100 Грама)

Брашно(1/2 Супена лажица)

Шеќер во прав(100 Грама)

Млеко(150 Милилитри)

Вода(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Со миксер изматете 5 јајца со 5 лажици шеќер. Матете додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте го брашното и 6 лажици мелени ореви, повторно промешајте и ставете го во тава обложена со хартија да се пече 15-тина минути на температура од 200°C.
  2. Во сад со млеко додајте 2 лажици шеќер и ставете на оган. Кога ќе зоврие, додајте ги преостанатите мелени ореви, 4 лажици шеќер и промешајте.
  3. Во меѓувреме, стопете го чоколадото во тенџере со малку млеко. Кога ќе се стопи чоколадото, додајте го филот од шеќер, мелени ореви и млеко и мешајте додека двете смеси не се соединат.
  4. Изматете ги со миксер преостанатите жолчки од јајце со 4 лажици шеќер. Матете додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ги во тенџерето со смесата од чоколадо. Сè убаво промешајте и доколку филот ја нема потребната густина, додајте уште малку мелени ореви.
  5. Путерот изматете го со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав. Продолжете со матење додека путерот не стане пенест. Потоа додајте го претходно подготвениот фил, измешајте и изрендајте кора од 1 портокал. Целата смеса убаво изматете ја со мискер за да се соедини.
  6. Испечениот пандишпан извадете го од рерната, со нож одлепете ги краевите од пандишпанот од тавата и потоа превртете го врз работната маса и отстранете ја хартијата за печење. Ставете го врз чинија за торта, боцнете го со чепкалка или вилушка и полејте го со сок од 1 портокал. Потоа, со претходно подготвената смеса, филувајте го пандишпанот на чинијата.
  7. Преостанатиот шеќер ставете го во тенџере на оган и додајте вода за да сварите густ шербет, погуст отколку за слатко. Потоа, во сад за матење изматете 4 белки, ставете од густиот шербет и непрекинато матете со миксер.
  8. Така подготвениот шлаг, нанесете го врз тортата и размачкајте го со нож. Со преостанатиот шлаг наполнете готварски шприц и декорирајте ја васината торта. Одозгора изрендајте црна чоколада и послужете.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: