Рецепти
Суфле со кашкавал
Француски специјалитет со кашкавал кој можете да го послужите со бело вино или шампањ
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(6 Супени лажици)
Брашно(6 Супени лажици)
Млеко(2 Чаши)
Сол(1/2 Кафена лажица)
Бибер(1/2 Кафена лажица)
Јајце(5 )
Гауда кашкавал(рендан 2 1/3 Чаши)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Во тенџере на средна температура стопете го путерот, додајте го брашното и гответе 1 минута. Додавајте по 2 супени лажици млеко од време на време со постојано мешање. На почетокот смесата ќе биде многу густа, но како додавате течност така ќе се разредува. Кога ќе ја добиете саканата густина тргнете го сосот од оган и зачинете го со сол и бибер.
- Додајте ги јајцата и кашкавалот во сосот и убаво промешајте.
- Сипете ја смесата во подмачкана керамичка тава за печење и печење го суфлето 30-40 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во