Рецепти
Бајадера со костени
Лесен и непечен десерт во кој ќе уживате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шеќер(500 Грама)
Вода(200 Милилитри)
Маргарин(250 Грама)
Црно чоколадо(350 Грама)
Рум(3 Супени лажици)
Мелени бисквити(500 Грама)
Костен(варени лупени и мелени 500 грама )
Масло(3 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Во тенџере на оган ставете ги шеќерот и водата.
- По 10 минути варење на шербетот, во тенџерето додајте ги маргаринот и 200 г чоколадо искршено на парчиња и мешајте со лажица.
- Откако ќе се растопат, додајте ги румот и мелените бисквити и мешајте со лажица да се соедини.
- Правоаголниот калап обложете го со најлонска фолија, намастете ја фолијата со масло и во калапот нанесете половина од смесата од тенџерето.
- Врз неа нанесете ги мелените костени (претходно варени и излупени) и прекријте со преостанатата смеса од тенџерето.
- Покријте ја смесата со краевите на фолијата и ставете го калапот во фрижидер.
- Преостанатите 150 г чоколадо искршено на парчиња растопете го во тенџере на оган со 3 лажици масло.
- Откако бајадерата ќе се излади, извадете го калапот од фрижидер. Бајадерата извадете ја од калапот и прелијте ја со чоколадната глазура.
- Оставете ја бајадерата да се стегне, па исечете ја на парчиња.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во