Рецепти
Бомбици со семки од тиква Ана Ѓорова

Меки и здрави бомбици без додатоци на шеќер, богати со растителни влакна, протеини и омега-3. Одлична ужинка помеѓу оброците.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Овесни снегулки(1/2 Чаша)

Семки од тиква(1/2 Чаша)

Суви урми(12 )

Чиа семе(2 Супени лажици)

Цимет(1/2 Кафена лажица)

Ѓумбир во прав(1/2 Кафена лажица)

Морско оревче(1/3 Кафена лажица)

Вода(2-3 Супени лажици)

Мелени бадеми(1/2 Чаша)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 15 минути

  1. Исчистете ги семките од урмите и потопете ги во топла вода неколку минути. Кога ќе омекнат, исцедете ги и ставете ги во блендер, а водата зачувајте ја.
  2. Во блендерот додајте ги останатите состојки – овесните снегулки, семките од тиква, чиа и зачините, па блендирајте за да добиете хомогена смеса. Додајте 2-3 лажици од водата во која ги потопивте урмите доколку смесата е сува, ако не е, не додавајте.
  3. Со лажица вадете од смесата и формирајте бомбици. Извалкајте ги во мелените бадеми и ставајте ги врз чинија. Ако се лепат, ставете повеќе мелени бадеми.
  4. Чувајте ги во фрижидер за да се стегнат пред послужување.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: