Рецепти
Брзи Монте коцки Ана Ѓорова

Брз, едноставен и превкусен колач за кој не е потребно печење во рерна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бисквити(по потреба колку да се наредат во тепсија )

Млеко(1 Литар)

Нишесте (пченкарен скроб)(12 Супени лажици)

Шеќер(8 Супени лажици)

Маргарин(200 Грама)

Црно чоколадо(300 Грама)

Слатка павлака(1/2 Литар)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути

Бел крем:

  1. Измешајте 2 дл млеко со 12 лажици густин, добро изматете со жица за да нема грутки.
  2. Во тенџере со 8 дл млеко ставете 8 лажици шеќер и ставете го на рингла да се вари. Во врелото млеко додајте ја смесата со густинот и непрекинато мешајте додека смесата се згусне.
  3. Во оладената смеса додајте 200 грама маргарин и добро изматете.

Црн крем:

  1. Стопете го чоколадото за готвење во 1/2 литар слатка павлака (топете го на тивок оган, постојано мешајте – внимавајте да не варите премногу).

Финална постапка:

  1. Бисквитите малку потопете ги во млеко и наредете ги во тепсија.
  2. Врз нив намачкајте од белиот крем, а потоа од црниот крем.
  3. Рамномерно распоредете и добро оставете го колачот да се олади неколку часа во фрижидер за да се стегне.
  4. Колачот исечете го на коцки и послужете го.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: