Рецепти
Чорба од ориз и кељ во тиква Ана Ѓорова

Вкусна чорба од тиква, кељ, сланина и ориз во интересна и креативна „чинија“ од издлабена тиква

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиква(1 Килограм)

Ориз(250 Грама)

Кељ(1/4 )

Кромид(1 Главица)

Сланина(100 Грама)

Бистра зеленчукова супа(2 Литри)

Маслиново масло(3 Супени лажици)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Отстранете го горниот дел на тиквата со тоа што ќе ја пресечете на два дела по должина. Потоа исчистете ѝ ги семките и издлабете ѝ ја внатрешноста со нож и црпалка, но внимавајте да не издлабите премногу – кората треба да биде неуништена.
  2. Намастете ја внатрешноста на тиквата со масло и ставете ја 20 минути во рерна на 180°C.
  3. Во меѓувреме кељот измијте го и исечете го на тенки ленти.
  4. Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на масло, па додајте ја сланината и пржете додека добие мирис.
  5. Потоа со кромидот и сланината додајте го кељот и 250 грама од издлабената тиква без семките која ја исековте на коцкички. На крај додајте го оризот со малку зеленчукова супа.
  6. Мешајте ги состојките и гответе, па постепено по малку со црпалка додавајте уште од супата додека оризот убаво се свари. Посолете и додајте бибер по вкус.
  7. Сварената смеса сервирајте ја топла во внатрешноста на потпечената тиква и послужете веднаш.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: