Рецепти
Домашна наполетанска пица Ана Ѓорова

Станете пица експерт и изненадете ги најблиските со кулинарските способности. Верувајте дека сите ќе бараат уште едно парче!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Вода(300 Милилитри)

Квасец(1 )

Сол(12 Грама)

Доматен сос(500 Милилитри)

Моцарела сирење(400 Грама)

Босилек

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути + 20 часа за тестото

  1. Растопете го квасецот во вода на собна температура (ниту ладна, ниту топла).
  2. Ставете половина од брашното и мешајте со жица за матење додека добиете кремаста смеса.
  3. Потоа додајте го остатокот од брашното измешано со солта. Добро замесете го тестото со дланките подолго време (20-30 минути).
  4. Потоа добро измесеното тесто ставете го во форма на топка во набрашнет сад, покријте го со крпа или со проѕирна хартија и оставете го да стасува на собна температура 6-8 часа.
  5. Стасаното тесто повторно малку замесете го на набрашнета површина, потоа поделете го на три топки. Топките покријте ги повторно со проѕирна хартија и оставете ги 8-12 часа во фрижидер.
  6. Потоа во тенџере на оган ставете го доматниот сос со масло, сол, бибер и свежиот босилек и гответе го 10-тина минути на умерен оган.
  7. Моцарелата исечете ја на коцкички.
  8. Тестата извадете ги од фрижидер и оставете ги на собна температура 30 минути.
  9. Тестото расукајте го малку со сукало, а потоа развлечете го со прстите и дланките во форма на круг.
  10. Потоа ставете го во топло, кружно тавче (претходно загреано на рингла околу 10-тина минути). Премачкајте го со доматниот сос, додајте ја моцарелата, босилекот и одозгора посипете малку маслиново масло.
  11. Тавчето прво ставете го врз ринглата и оставете го 1-2 минути за тестото малку да набабри.
  12. Загрејте ја рерната на максимум. Решетката од рерната ставете ја на најгорниот дел. Тавата од рингла префрлете ја во рерната и печете ја кратко време додека моцарелата се растопи и се потпече тестото, но внимавајте да не изгори.
  13. Постапката повторете ја со сите теста.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: